БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Со актуелен режим на движење во Босна и Херцеговина е забранет влез на странски државјани, вклучително и државјани на Република Македонија. Во БиХ можат да влезат странски државјани:
– кои поседуваат дозвола за постојан и привремен престој во БиХ (не треба ПЦР тест, нема карантин или самоизолација);
– со двојно државјанство, при што на влез приложуваат валидна лична карта на БиХ (не треба ПЦР тест, нема карантин или самоизолација);
– кои доаѓаат од деловни причини, со покана за деловна соработка од економски субјект во БиХ. За истите задолжителен е валиден ПЦР тест од овластена институција не постар од 48 часа. Поканата и тестот задолжително се приложуваат на граница за да се одобри влез;
– на соседните земји: Р.Србија, Р.Хрватска и Црна Гора;
– здравствените работници кои доѓаат во БиХ заради ангажман во струката;
– на кои им е потребна итна медицинска помош/лечење ( со соодветна документација);
– Прекугранични работници;
– на Службите и тимовите на Цивилна заштита;
– Припадници на вооружените сили на НАТО и земјите-членки на Партнерство за мир, како и припадниците на Штабот на НАТО и ЕУФОР во БиХ;
– Возачи и придружници во случај на пренос на посмртни останки;
– Посади на товарни возови и бродови во меѓународен сообраќај;
– Државни функционери и членови на делегации чие доаѓање/заминување е најавено по дипломатски пат;
– кои имаат посебна дозвола за влез, транзит или престој во БиХ издадена од страна на Советот на министри на БиХ;
– од пограничните зони од соседните држави кои поседуваат земјоделско земјиште заради вршење на земјоделски работи;
– Членови на потесно семејство на лице починато во БиХ заради присуство на погреб, не подолго од 72 часа, под услов да поседуваат доказ за смртта и сродство со починатото лице;
– Малолетно лице- во придружба на родител или старател, државјанин на БиХ;
– брачен другар на државјанин на БиХ, со приложување на доказ за истото.
Моментално транзит на државјани на Македонија низ БиХ е дозволен, ако:
– е организиран конвој во хуманитарни цели со претходна најава;
– се возачи на товарни моторни возила во меѓународен промет, со ограничување на транзитот на 12 часа;
– транзитот е заради враќање во земјата на вообичаен престој, каде лицето мора да има законски регулиран престој (без задржување на територијата на БиХ);
– имаат посебна дозвола за влез, транзит или престој во БиХ, издадена од страна на Советот на министри на БиХ;
– за нив не постои забрана за влез за државјани на Република Македонија во соседната држава на БиХ каде планира влез од БиХ;
– се возачи и придружници во случај на пренос на посмртни останки во транзит, со претходна најава.
Дополнителни информации:
– Преминување на државната граница на БиХ е дозволено исклучиво со валидна патна исправа; (привремено не е дозволен премин со лична карта)
– Во БиХ укинати се мерките на државен карантин или домашна самозолација при влез во земјата
– Сите меѓународни гранични премини се во функција, за товарен и патнички сообраќај, вклучително и воздушните пристаништа; (со горенаведените рестрикции за влез)
– Нема забрани за движење (полициски час);
– Задожително е носење на заштитна маска во затворени јавни простори и строго почитување на стандардните хигиенско-епидемиолошките мерки;
– Дипломатите акредитирани во БиХ се водат како лица со дозвола за престој. За други случаи ( службена посета, транзит) потребна е најава по дипломатски пат преку МНР на БиХ, независно од дипломатскиот статус.
Во врска со прашањето за регулирање на престојот на наши државјани затекнати во Босна и Херцеговина заради ситуацијата со корона вирусот, МНР на БиХ информираше дека сите странски државјани можат да го продолжат престојот во БиХ, при што е потребно само да се пријават во теренските канцеларии на Службата за работа со странци. Пријавувањето подлежи на посебен режим на прием на странки, со претходна најава.