АЛБАНИЈА
Во Република Албанија е олеснето движењето на странските и албанските државјани кои остваруваат влез во државата.
Според последните мерки:
– Отворени се границите
– Не е потребно одобрение за влез
– Не е потребен ПЦР тест
– Не е потребен карантин
– Не е потребна самоизолација
Сите македонски државјани и странски државјани кои се затекнати на територијата на РА, за продолжување или регулирање на престој (вклучувајки и поднесување на нови барања) можат да се поднесат со електронско барање преку линкот https://e-albania.al/.
Воедно, информираме дека сите странски државјани пред истекот на престојот треба да го пријават нивното евентуално пречекорување на наведениот линк. барањето/одобрението се смета дека е валидно со добивање одговор дека истото е примено од страна на надлежните органи (при самото притискање на иконата за поднеси барање). Потребните документи се исти како и за редовно поднесено барање за регулирање престој/продолжување на престој.