ГРЦИЈА

МНР на Грција на својата веб-страница објави ажурирани податоци за начинот на отворање на граничните премини на Грција и можностите за влез на странци во земјата во следниот период.

Имено, согласно новите одлуки на Владата на Грција и соодветните здравствени протоколи на надлежните институции, МНР на Грција го објави следниот режим за патување на странски и грчки државјани:

15 јуни до 30 јуни:

Режимот на патување е усогласен со комуникацијата/насоките на ЕК во врска со забраната за несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ + Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд (ЕУ+).

1. Пристигнување по воздушен пат:

Дозволени се меѓународни летови до аеродромите во Атина и Солун (продолжена е забраната за летови од Велика Британија и Турција).

1а) Пристигнувања на аеродромот во Атина: Ако патниците потекнуваат од аеродром ЕУ+ на списокот со засегнати држави на ЕАСА https://www.easa.europa.eu/SD-2020-01/Airports#group-easa-downloads или од Италија, Шпанија, Холандија, Шведска, Албанија и Македонија, тогаш ќе бидат тестирани по пристигнувањето. Задолжително е ноќевање во хотел или хотел/резиденција по избор (во Атина). Ако тестот е негативен, тогаш посетителот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Доколку тестот е позитивен, посетителот се става под карантин под надзор во траење од 14 дена.

Ако патувањето потекнува од други аеродроми, тогаш патниците при пристигнувањето подлежат на тест по случаен избор. После тестирањето, посетителот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Доколку тестот е позитивен, посетителот е ставен под карантин под надзор 14 дена.

1б) Пристигнувања до аеродромот во Солун: Сите посетители ќе бидат тестирани по пристигнувањето. Задолжително е ноќевање во назначен хотел или хотел / резиденција по избор (во Солун).

2. Пристигнување по копнен пат

Копнената граница со Турција, Албанија и Македонија е отворена само за транспорт на стоки.

Исклучоци се лицата кои имаат регулиран престој во Грција, лица кои патуваат поради апсолутно неодложни деловни причини (со приложување соодветни документи како доказ), дипломати, итни хуманитарни патувања поради лекување, медицински персонал, возачи на камиони за транспорт на стоки и сл.

3. Пристигнување по морски пат:

Забрана за пристигнување на бродовите од странство до грчките пристаништа.

Пристигнувањето јахти за одмор е дозволено само со екипаж (пристигнување јахти кои доаѓаат од Албанија и Турција не е дозволено).

Од 1 јули понатаму:

1. Пристигнување по воздушен пат:

Дозволени се меѓународни летови на сите аеродроми во Грција.

Можно е да се применат дополнителни ограничувања за несуштинско патување од земји што не се на ЕУ+, согласно насоките од Европската Унија.

2. Пристигнување по копнен пат:

Дозволени се пристигнувања на копнените граници од Албанија, Македонија и Бугарија. Преоценка во однос на Турција до 30 јуни.

3. Пристигнување по морски пат:

Дозволени се пристигнувања преку море.

Сите посетители од воздух, копно или море, по пристигнувањето, ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор. Откако ќе се тестира, патникот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Во случај на позитивен резултат, ќе биде контактиран и ставен на 14-дневен карантин, а трошоците ги покрива грчката држава.

Се наведува дека врз основа на проценка ќе бидат признавани и резултати од молекуларен тест (направен во последните 72 часа пред патувањето)

————————————-

На сите посетители им се препорачува да ја преземат апликацијата Visit Greece app (GDPR compliant) бесплатно пред или по пристигнувањето во Грција.

Посетителите треба да пополнат (препорачливо пред патувањето) формулар за „фактор за лоцирање на патници“ (Passenger Locator Factor form (PLF) со нивните детали за контакт во Грција. Овој формулар може да се најде и во апликацијата Visit Greece, како и во хартиена форма за време на летот.

————————————-

Повеќе детали се содржат на следниот линк: https://www.mfa.gr/en/current-affairs/statements-speeches/greece-welcomes-the-world-update-15-june-2020.html

Грција информира дека според законодавството на ЕУ кое моментално е во сила, дозволата за престој може да биде продолжена единствено во случаи кога се доставени докази за т.н. „виша сила“ односно „force majour” или хуманитарни причини, кој ги спречува да си заминат пред истекувањето на валидноста на нивната дозвола за престој или пред истекот на периодот во кој им е дозволен престој.

Сите одлуки за продолжувања врз основи на виша сила „force majour” или хуманитарни причини, според Визниот правилник, прирачникот и/или Националното право за миграција се предмет на индивидуална проценка спроведена од страна на соодветните служби на грчката полиција, засновано на потребата за посебен исклучок (на пример. Во случај на сериозна болест или доколку остануваат во карантин).

Доколку овие услови не се исполнети, државјаните на трети земји кои останале подолго од нивниот дозволен престој во Шенген зоната од 90 дена во период од 180 дена, ќе бидат предмет на соодветните административни мерки.