На youtube каналот Alibaba Tredici, попладнево се објавени две нови аудио бомби за кои според дескрипцијата на разговорите се вели дека станува збор за адвокат од Скопје чија сестра е судијка и дека разговара со посредник од Струмица за судски случај во кој осомничен треба да даде пари за да се спаси од прогон.

Според описот на разговорите очигледно е дека станува збор за судскиот случај „Империја“ а истите се поклопуваат и со сведочењето на Ана Камчева каде посочи уште тогаш дека Камчев бил рекетиран за 6 милиони евра.

„Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…”, кажа сопругата на Камчев. За слободата на Камчев, требало да исплатат 2, 4 или 6 милиони евра зависно од ситуацијата.

„Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за “Рекет”, кажа Камчева.

Весна Димишкова е и судијката која го замрзна имотот на ВМРО ДПМНЕ, а бомбите се објавени еден ден по признанието на Бојан Јовановски осуден за рекет дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

На крајот од разговорите пак пишува:

„Комплетните разговори од 57 минути ќе бидат предадени после изборите на јавниот обвинител Јовески во кои се слушаат гласовите на Вице Заев, Владимир Стајиќ Роштиљ како застапник на Зоран Заев, Бојан Јовановски и посредник од Струмица како договораат да изнудат 6 милиони евра од бизнисменот Јордан Камчев и Дејан Панделевски“.

Снимките може да се погледнат на следниот линк