Скандалозно видео доаѓа од затворот Идризово. Група затвореници, во најголем број Роми, држат „прес-конференција“, која повеќе личи на масонски обред за иницијација. Низ врата во една од келиите од петтото крило влегуваат Роми кои симболично преминуваат од ВМРО во СДСМ, како што вели модераторот на настанот. Тие дури и симблично го отстрануваат црвено-црното знаме и го закачуваат синото на владејачката партија. Притоа, ѕвезда на вечерта е „доајенот“ на скопското подземје Јане Тица.

Даваме збор дека ние Ромите ќе гласаме за СДСМ, ама и ние Ромите бараме нешто за нас од СДСМ, вели модераторот.

Ќе ги тепаме вмровците, вели понатаму затвореникот, колнејќи се пред знамето на СДСМ дека „од денеска натаму сум СДСМ“

Со ова видео го поздравувам Заев, Шекеринска, Вицето брат ми, Маријан Даскал, Зоран Директорот и Јане Тица, вели еден од присутните, кој кажува дека добил ветување од Тица дека Ромите ќе бидат ценети од сега натаму во СДСМ.