Нов скандал со украдени фотографии од интернет ја тресе Македонија, откако неколку денови наназад власта со фотографии од Германија и Франција ја започна кампањата „Дома си е дома“.
Во пресрет на предвремените парламентарни избори, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и Градоначалникот на Штип Благој Бочварски на социјалните мрежи го промовираат затворениот базен во Штип кој треба да се гради но со превземена фотографија од американско интернационално училиште.
Според податоците на гугл, објавената слика од базенот во Штип всушност е затворен базен кој веќе постои и е дел од Американско интернационално училиште лоцирано во Јоханесбург, еден од најголемите градови во Јужна Африка.
-Исклучително сум задоволен затоа што како никогаш досега, градиме капитални проекти за граѓаните, а градот бележи вистински развој. Во Штип со засилена динамика се гради затворениот базен во Срц “Суитлак” 🏊♀️ #АМС #ВладаМК #Штип, напиша Бочварски.
Директорот на Агенцијата Дарко Каевски исто така се пофали со фотографијата за која јавноста увиде дека е украдена.
-Штип добива современ затворен пливачки базен! Модерен изглед согласно современи стандарди, адаптиран комплетно за потребите на учениците, рекреативците и спортистите. Вака ќе изгледа пливачкиот базен кој се гради во спортската зона Суитлак. 👇, пишува Каевски.
Ниту Каевски ниту Бочварски во пресрет на изборите не штедат средства па украдената или позајмената фотографија од базенот во Јужна Африка е ставена како спонзориран пост.