Смешно е пациентите кои умираат од други причини на пример сообраќајка или слично, и за кои потоа ќе се утврди дека имале и корона да се запишува дека починале од Ковид 19, и се спротивстави микробилогот Никола Пановски на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, во емисијата „Што не е јасно?“ .

-Овде влегуваат и починати од малигни заболувања кои биле во терминална фаза. Кои да, се позитивни,меѓутоа основна причина за смрт не може да се смета дека е корона.Спаѓаат починати и од кардиоваскуларни заболувања во оваа бројка влегуваат и починати од сообраќајки. Кои на барање на јавен обвинител се бара пост-мортен тест, така да епидемиолозите веќе разработуваат модел каде ќе бидат претставени починатите кои се позитивни на корона - вели Бухова.

Тоа е исто како пациентот за кого постхумно се утврди дека имал сида да се запише и дека умрел од сида, а настрадал од нешто трето, коментира Пановски.

-Што ако на ХИВ позитивен здрав човек - да доживее сообраќајка ќе пишат дека умрел од СИДА ? Гледајте кој е парадоксот и колку смешно изгледа, па ќе кажам од ХИВ позитивен, не знаел, не знам зошто и му направиле анализи на крвта и гледа дека има во себе антитела на СИДА и да прогласат дека умрел од СИДА ? А он да речеме, му паднала саксија врз глава?! Тоа е спортивно на протоколот од СЗО , за насилна смрт да се пишува дека умрел од Ковид. А зошто се прават постмортни тестови не ми е јасно? Не ми е јасно што е целта да имаме повеќе починати ? прашува Пановски.

Пановски останува на тезата политиката замеша прсти во науката и затоа во Македонија има толку многу новозаразени.