Прво добив закани од градоначалникот на Новаци а потоа останав и без работа во „Ремонт“ - фирма подизведувач на РЕК Битола, почнува својата приказна за Алфа, Јован Пецуровски кој живее во селото. Се почнало откако го поставил знамето со сонцето од Виргина на кровот од својата куќа.

-Се мачев и менував фиорми, а сега последно откако го кладов знемето на куќата, јас останав без парче леб. Градоначалникот истата вечер ми прати човек и човекот ми рече знамето да го тргнам сместа оти така рече градоначалникот. Сабајлето станав и со жената си пиевме кафе, а истиот човек дојде и ми рече дека градоначалникот те вика на разговор. Појдов на разговор, се поздравивме и го прашав што е работата. Тој ми рече, Јован зошто го ставаш знамето и ме срамиш, плус на фејсбук имаш напишано статус. Му реков дека немаше да го напишам, ама поради тоа знаме останав без работа, раскажува Пецуровски.

Тој е дојденец од Радовиш и досега работеше во фирмата подизведувач “Ремонт“ во РЕК “Битола“. Сопругата на Јован, Катерина зема средства за породилно отсуство, но стравува за животот на целото четиричлено семејство.

-Додека земам породилно, ќе тераме некако. Ама за понатака? Тешко е, сметки немаме платено, кредитот не ни е платен, со две деца тешко е, вели сопругата Катерина.

Градоначалникот на Новаци, вели дека претходно му помогнал на Јован да се вработи во оваа фирма и категорично одрекува дека интервенирал да ја изгуби работата. Од ДООЕЛ “Ремонт“ велат дека заради намален број на сати го намалиле бројот на вработени на отпепелувањето и дека по десет до петнаесет дена, повторно ќе бидат повикани, а меѓу нив и Јован.