Нема повеќе да примаме болни од Ковид 19- категорична е директорката на кумановската болница Снежана Захариева во разговор за Алфа. Медицинскиот персонал е преполовен и вработените се преморени.

-Дури и во една соба место два моравме да ставиме три кревети, имаме вкупно 19 пациенти, а капацитет за 18. Сакавме да отвориме уште еден оддел, но излезе проблем со персонал, не е приучен персонал, ова си има свои специфики. Јас веќе на инфективниот оддел имам пет позитивни сестри. Тоа не е една, туку две смени исфрлате од работа. Повеќе нема да примаме пациенти, туку ќе ги праќаме во Скопје, вели Захариева.

Не е само кумановската болница туку и сите останати Ковид центри. Во ГОБ 8 Септември над 80 пациенти се на кислородна поддршка, што е прв ваков случај откако е отворена болницата. Во оваа болница се носат и најтешките случаи.

Докторите и во скопската клиника се изморени, со намален капацитет и под постојан стрес.