Починати се девет лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Тетово и еден од Охрид, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4, односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9, односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во Општата болница Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.