Сто деведесет и три случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа. Како што соопшти Министерството за здравство направени се 1.391 тестирање, а од новорегистрираните случаи најголем број се во Скопје, 140. Во Куманово има два случаи, во Дебар еден, во Штип шест, во Тетово 19, во Струга пет, во Велес два, во Охрид 11, во Гостивар четири, Свети Николе еден и во Ресен два.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово еден, Штип шест, Тетово еден, Струга еден, Гостивар еден, Валандово еден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2137, активни 1425
• Куманово 653, активни 206
• Дебар 62, активни 11
• Штип 250, активни 202
• Прилеп 229, активни 17
• Тетово 459, активни 278
• Струга 142, активни 63
• Велес 156, активни 31
• Битола 35, активни 8
• Охрид 84, активни 65
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 73, активни 47
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 11, активни 10
• Кичево 5, активни 3
• Ресен 34, активни 33
• Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1391 тест се преку: ИЈЗ –580, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена –107, Биотек –142, Систина со PCR метода –91, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори) -262 и Судска медицина-36. Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.