Медицинскиот персонал очајно бара помош и решенија. Огромните бројки на новозаразени се заканува да го урниса здравствениот систем, оти медицинските лица во првите борбени редови прво се преморени а има и болни, односно заразени.Микробиологот доктор Никола Пановски се сомнева дека здравствениот систем ќе може да го издржи ударот.
-Дали има капацитет квалитетно да ги лечи, тоа е прашање. Овие до сега што работеа, нашите херои се премоерени. И сега кога требаше да се одморат добиваат уште поголема работа. Ќе добиваат помош, но прашање е колку тие луѓе што ќе доаѓаат од страна се стручни да ги решаваат овие проблеми, а немаат ни искуство, вели доктор Никола Пановски во изјава за Алфа.
Бројот на хоспитализирани пациенти расте, а докторите се жалат оти немаат доволно кадар за работа. Шеснаесет медицински сестри и пет специјалисти за интерна медицина од внатрешноста од вчера се на испомош во ГОБ 8 Септември. Оваа болница е и најоптоварена со пациенти – таму во моментов се лекуваат близу 120 пациенти, а дневно се примаат по 20-тина нови случаи.
Здравствените власти упорно убедуваат дека се е под контрола.