Резултатите од анкетата спроведена од Институтот “Habeas Corpus”, направена врз стратификуван примерок од 1 159 испитаници во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2020 година покажуваат дека според граѓаните владата не се справила добро со корона кризата.
На прашањето: „Дали Владата според вас добро се справува со корона кризата“, најголем дел од граѓаните или точно 58.3% одговориле со не.
Потврден одговор дале 32,7 % од испитаните граѓани, а 9% немале одговор.
Од институтот додаваат дека при истражувањето се водела сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. а спроведена е телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија.