Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-97, Куманово-5, Прилеп-1, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Битола-1, Кавадарци-1, Крушево-2, Валандово-1, Кратово-1, Кичево-2, Ресен-7, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-23, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.
Од вчера регистрираните, два теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1995, активни 1323
• Куманово 651, активни 207
• Дебар 61, активни 10
• Штип 244, активни 202
• Прилеп 230, активни 18
• Тетово 440, активни 261
• Струга 138, активни 60
• Велес 154, активни 29
• Битола 35, активни 8
• Охрид 73, активни 55
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 69, активни 44
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 9, активни 6
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 55, активни 24
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 10, активни 9
• Кичево 5, активни 3
• Ресен 32, активни 31
• Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1173 тест се преку: ИЈЗ –456, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена –97, Биотек –154, Систина со PCR метода –135, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори) -128. Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.