Починати се пет пациенти кои биле позитивни на коронавирус, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80 г.), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74 г.).

Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73 г.) примена на 11 јуни и пациентка (45 г.) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65 г.) хоспитализиран на 6 јуни.