Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6. Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241. Од вчера регистрираните, три теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 1.900, активни 1.239

• Куманово 645, активни 225

• Дебар 61, активни 10

• Штип 244, активни 202

• Прилеп 230, активни 20

• Тетово 429, активни 253

• Струга 136, активни 58

• Велес 153, активни 30

• Битола 34, активни 7

• Охрид 72, активни 54

• Кавадарци 7, активни 2

• Гостивар 69, активни 44

• Гевгелија 8, активни 4

• Струмица 9, активни 6

• Крива Паланка 10, активни 4

• Радовиш 4,

• Крушево 3,

• Кочани 55, активни 24

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1,

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 4, активни 3

• Виница 3,

• Делчево 1,

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 10, активни 9

• Кичево 3, активни 1

• Ресен 25, активни 24

• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 841 тест се преку: ИЈЗ –488 , ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –0, Биотек –0, Систина со PCR метода –105, МАНУ -95, Клиника „Жан Митрев“-131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“. Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на Ковид -19.

Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени четири позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.