Откако во јавноста имаше голем број на негативни и иронични реакции во врска со украдената слика од Германија за проектот на Владата „Дома си е дома“ на својот фејсбук профил реагираше и професорката Гордана Силјановска Давкова која вели дека во слоганот дома си е дома власта го избегнува новото име на нашата земја бидејќи е ризично со слоганот „Северна“ да настапат во јавноста пред одржувањето на изборите.
- Владата не УБЕДУВА да летуваме дома, оти „ дома си е дома“ и да „купуваме домашно“ за да и помогнеме на македонската економија. Ама, мојата/нашата дома има име, а ВЛАСТА не знае КОЈ ПАТ ДА ФАТИ во ИМЕНУВАЊЕТО, оној на народот и граѓаните, или оној на „ПРОЕВРОПЈАНИТЕ“ и соседот. Се разбира, „домашното“ во трговијата секогаш има ИМЕ, ама „ НАШАТА власт повторно не знае со „КОГО ДА ВОДИ ЉУБОВ“ (З.З) со народот или со СОСЕДОТ, па наместо „ купувајте МАКЕДОНСКО“ и „ купувајте МАКЕДОНСКИ производи“, СПАС бара во домашно/домашни, оти ПРЕД ИЗБОРИ не се „ризикува“!, вели Силјановска.