Починати се девет лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар, соопшти Министерството за здравство, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62 г.), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 г.), хоспитализиран пред три дена.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа пациент од Скопје (69 г.) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73 г.) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 г.) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на возраст од 81 година, хоспитализирана на 11 јуни.

Во болницата во Тетово почина пациент (59 г.), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 г.) а во болницата во Гостивар на пациентка (58 г.) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на Ковид е докажан постмортем.