Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14. Институтот за јавно здравје денеска регистрира пет оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1.858, активни 1.210
• Куманово 640, активни 221
• Дебар 61, активни 10
• Штип 238, активни 196
• Прилеп 228, активни 20
• Тетово 413, активни 239
• Струга 127, активни 49
• Велес 150, активни 27
• Битола 33, активни 6
• Охрид 69, активни 51
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 66, активни 41
• Гевгелија 8, активни 4
• Струмица 8, активни 5
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4,
• Крушево 3,
• Кочани 54, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 4, активни 3
• Виница 3,
• Делчево 1,
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 9, активни 8
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 19, активни 18
• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111. До овој момент, како што се посочува, лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“ не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.