Во изминатото деноноќие потврдени се 196 нови случаи на КОВИД-19, осум починати и 11 оздравени лица. Од новозаразените 90 се во Скопје, по што следат Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2. Во последните 24 часа направени се 1.213 тестирања, информира Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.

Направените 1.213 теста се преку: ИЈЗ –482 , ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –104, Биотек -138, Жан Митрев (Филип Втори) –180, Систина со PCR метода –138 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Два резултати евидентирани вчера, додаваат, се контролни, епидемиолошките анкети се во тек, а во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 1.767, активни 1.124

• Куманово 635, активни 216

• Дебар 56, активни 5

• Штип 237, активни 195

• Прилеп 227, активни 22

• Тетово 380, активни 209

• Струга 123, активни 46

• Велес 150, активни 28

• Битола 34, активни 7

• Охрид 66, активни 48

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 64, активни 40

• Гевгелија 7, активни 3

• Струмица 7, активни 4

• Крива Паланка 9, активни 3

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 54, активни 23

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 4, активни 3

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 8, активни 7

• Кичево 3, активни 1

• Ресен 5, активни 4

• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).