Коронавирусот ги полни болниците секојдневно, во се поголем број, но и го празни медицинскиот персонал. Во ГОБ „8 септември“, на пример, ситуацијата е повеќе од аларамантна, тврдат за повеќе медиуми извори меѓу медицинскиот персонал. Минатата недела 15-тина медицински лица само од оваа установа беа позитивни, а според извори на „Макпрес“ - само вчера биле тестирани 90-тина лица од болницата опфатени со скринингот што го прави Инсттутот за јавно здравје меѓу медицинарите. Бројот на здравствени работници во самоизолација е уште поголем отколку минатата недела.

-Здравствениот персонал работи со максимална ангажираност, но се чувствува веќе исцрпеност, работи во тешки услови, под стрес, изјави пред неколку дена за „Алфа“ Маја Василева Дугановска, специјалист по инфективни болести во оваа болница.

Клучното прашање што министерот Филипче не го одговара е како ќе се излезе на крај со најмалку двојно поголем број на новозаболени дневно, а најмалку преполовен број медицински персонал заради заразата и самоизолацијата? Ако на ова се надоврзе вчерашното несигурно настапување на министерот кога беше прашан за бројките на новозаразени медицински лица и родилки во гинеколошката болница во Чаир, кога дури и се извини што не соопштиле каква е реланата состојба, тогаш паниката кај луѓето станува уште поголема. Очекувано, оти ситуацијата излегува од контролата на власта.

Дали информации се кријат? Зошто контролата се губи? Кој ќе не лечи ако медицинскиот персонал е „на колена“?... Прашањата веќе стојат и создаваат страв и несигурност кај луѓе во менаџирањето на ситуацијата од страна на власта. Потребно е многу повеќе од само Пи-Ар за работите да се вратат во нормала.