Поранешната техничка министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која на ден пред распишувањето на изборите беше разрешена на предлог на Оливер Спасовски а на барање на Николо Димитров, преку својот фејсбук прашува дали власта истото ќе го направи и во случајот со дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска која даваше изјава пред пано на кое стои напишано името Република Македонија при нејзината посета во Гевгелија.
- Дали чинот на давање изјава под името Република Македонија на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска е само пред избори или и се виде напорна работата, па бара куртул од маките?
Ќе ја разрешите ли дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска заради загрозување на европската иднина?
Го прашувам техничкиот премиер Оливер Спасовски, дали ќе ги почитува принципите од 136-та седница на Собрание:
,,Штетите од овие постапки се закануваат да бидат огромни за граѓаните, за државата, за нашата евро-атлантска иднина, и јас како Претседател на Владата ги оценив како последици кои мора да се спречат и затоа донесов одлука да поднесам предлог за нејзино разрешување од функцијата", прашува Мизрахи.