Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1592, активни 960

• Куманово 597, активни 179

• Дебар 53, активни 2

• Штип 227, активни 187

• Прилеп 222, активни 27

• Тетово 317, активни 147

• Струга 111, активни 36

• Велес 149, активни 29

• Битола 30, активни 3

• Охрид 46, активни 29

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 54, активни 31

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 7, активни 4

• Крива Паланка 7, активни 1

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 53, активни 22

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 5, активни 4

• Кичево 3, активни 1

• Ресен 1, активни 1

• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.