Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.
Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1592, активни 960 • Куманово 597, активни 179 • Дебар 53, активни 2 • Штип 227, активни 187 • Прилеп 222, активни 27 • Тетово 317, активни 147 • Струга 111, активни 36 • Велес 149, активни 29 • Битола 30, активни 3 • Охрид 46, активни 29 • Кавадарци 6, активни 1 • Гостивар 54, активни 31 • Гевгелија 6, активни 2 • Струмица 7, активни 4 • Крива Паланка 7, активни 1 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 3, активни 0 • Кочани 53, активни 22 • Пробиштип 11, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 2, активни 0 • Пехчево 3, активни 0 • Берово 2, активни 1 • Валандово 3, активни 2 • Виница 3, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 3, активни 1 • Свети Николе 5, активни 4 • Кичево 3, активни 1 • Ресен 1, активни 1 • Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера
• Чаир-209 • Бутел-76 • Аеродром-75 • Гази Баба-75 • Центар-73 • Карпош-72 • Сарај-64 • Кисела Вода-43 • Ѓорче Петров-35 • Шуто Оризари-26 • Студеничани-24 • Арачиново-24 • Илинден-19 • Петровец-6 • Чучер Сандево-4 • Сопиште-2 • Странец-2