Сепак не била докторка родилката која криела дека нејзиниот свекор е заразен со коронавирусот, по што и самата била тестирана позитивна.

При приемот на Клиниката за гинекологија, таа изјавила дека е невработена докторка.

На прашањето на „Плусинфо“ што ќе биде преземено спрема оваа докторка поради загрозување на здравјето на други лица во услови на епидемија, дали ќе заседава етичката комисија, во Лекарската комора на Македонија, каде попладнево го проверувале регистерот каде се наведени сите доктори, изјавија дека оваа пациентка не е докторка.