Молк од МНР по пријавата од Македонците во Германија дека доколку ви треба услуга во нашата амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Македонката во Германија, Македонка Димитрова на Фејсбук.

Амбасадор на Македонија во Германија од први јули 2019-та е Рамадан Назифи, додека пак генерален конзул во Минхен е Реџеп Демири, поранешен член на УЧК.