Откако власта се изјасни дека нема да се откаже од брзите корона избори не стивнуваат реакциите од лекарската фела дека тоа е погрешно во време кога бројот на новозаболени непрестајно расте. Универзитетскиот професор доктор Зоран Спировски за Алфа вели дека е неопходно бројот на новозаболени да падне на нула или барем близу до тоа за да се планира кампања и изборен ден.
-Од медицински аспект избори на 5 јули не се препорачливи, зошто треба да имаме период од отприлика 28 дена, според епидемиолошките правила, бројот на заболени од коронавирус да биде нула, или барем близу нула, вели Спировски.