Бројката оводијагностицирани со коронавирусот во Македонија останува висока откако вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.
Најголем број дијагностицирани 1.373 има во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 760, потоа следат Куманово со 568 дијагностицирани и 150 активни случаи, Тетово со 301 дијагностицирани и 135 активни случаи, Штип со 223 дијагностицирани и 185 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 25 активни случаи…
Заклучно со податоците активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2.
Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери истакна дека 60 отсто од вкупниот број активни случаи во градот се асимптоматски, што, како што рече, е многу важно и затоа сите треба да бидеме претпазливи.