Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: • Скопје 1373, активни 760 • Куманово 568, активни 150 • Дебар 53, активни 2 • Штип 223, активни 185 • Прилеп 218, активни 25 • Тетово 301, активни 135 • Струга 106, активни 33 • Велес 144, активни 30 • Битола 30, активни 3 • Охрид 37, активни 20 • Кавадарци 6, активни 1 • Гостивар 51, активни 29 • Гевгелија 6, активни 2 • Струмица 5, активни 2 • Крива Паланка 7, активни 1 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 3, активни 0 • Кочани 53, активни 22 • Пробиштип 11, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 2, активни 0 • Пехчево 3, активни 0 • Берово 2, активни 1 • Валандово 3, активни 2 • Виница 3, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 3, активни 1 • Свети Николе 3, активни 2 • Кичево 3, активни 1 • Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек - 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103. Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера • Чаир-192 • Бутел-68 • Центар-66 • Гази Баба-63 • Аеродром-61 • Карпош-57 • Сарај-55 • Кисела Вода-37 • Ѓорче Петров-23 • Арачиново-23 • Шуто Оризари-21 • Студеничани-20 • Илинден-18 • Петровец-6 • Чучер Сандево-3 • Сопиште-2 • Странец-2