Македонија заклучно со вчера бележи 3152 регистрирани случаи на заразени пациенти со коронавирус.
Статистички по градови, во Скопје се регистрирани 1332, Куманово 556, Тетово 291, Прилеп 218, Штип 210, Велес 144, Струга 103, Дебар 53, Кочани 52, Гостивар 50, Охрид 37 и Битола 30...
Во овие 12 градови вкупно се регистрираат 97,5% од сите случаи во државата.
Во првите пет градови пак има највисока инциденца, најголем број на починати и највисок морталитет.
Просечниот леталитет во моментот изнесува 4,9% а морталитет 7,4 на 100.000. Дистрибуцијата по возрасни групи - најголем број заболени лица (620) на возрасна група преку 60 години, потоа доаѓа 50-59 години (586) и 544 на возраст од 40-49 години, а 568 во групата од 30-39 години.
Просечна возраст на заболените луѓе во Македонија изнесува 44,8 години, меѓутоа највисока инциденца во моментот има на возрасна група од 50-59 години.