Од Министерството за внатрешни работи испратија соопштение до медиумите во кое се информира јавноста дека по информациите на социјалните медиуми дека полицискиот час не се почитува во Чаир, Топанско поле и Скопје Север спроведена е полициска акција во која се приведени 15 лица кои биле затекнати од страна на полициските службеници а кои не го почитувале карантинот на овие подрачја.

- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на подрчјето на ПС ОН Бит Пазар од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот, се вели во соопштението.

Сепак, на терен отсуствуваше Државниот пазаран инспекторат иако во објавите на дел од медиумите се тврдеше дека во овие скопски општини работат и угостителски објекти спротивно на протоколите.

За разлика од „вонредните“ прес-конференции кои ДПИ ги спроведуваше на „Боемска“ улица бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во еден од локалите, овој пат ДПИ ги немаше на терен во Скопје туку како што известија во текот на денот, тие викендов го поминале работно во Охрид, Струга, Битола и Маврово.