Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во интервју за Алфа вели дека пресудата што највисокиот меѓународен суд за човекови права во Стразбур ја донесе во корист на македонската организација, на која и беше забрането да се регистрира - неговата земја нема намера да ја почитува.

-Ете ова е нешто, кое што не знам од каде го кажувате на таков начин. Нема такво нешто , никој и никако не може да ги промени законите и Уставот на Република Бугарија, и тоа не е дебата и не е спор за европската интеграција на Македонија. Бугарија е дел од ЕУ, таа е примена со својата конституција , со своите законски уредби, а Судот во Стразбур на никаков начин не се меша во конституционалната уредба на Република Бугарија. За мене тоа не е тема, тоа се неколку граѓани кои сакаат да регистрираат својата организација, но нема ништо заедничко со тоа што вие го нарекувате македонско малцинство поради единствената причина што во Бугарија нема таква законска уредба. Во Бугарија секој може да се чувствува како сака , ама не постојат колективни малцинства. Ниту има турско, ниту има ерменско, ниту какво сакате малцинство. Тоа е државна уредба на Бугарија со која таа е примена и во Советот на Европа и во ЕУ и во НАТО, вели Ковачев во синоќешното издание на емисијата „Заспиј ако можеш„. На прашањето кој ќе попушти за да бидеме заедно во Европската унија, Македонија која ќе треба да прифати дека нема македонски јазик, или Бугарија која ќе се откаже од своите условувања? -Јас не го гледам тоа на таков начин, дека треба некој да попушти. Историјата во моментот е дебата, и проблем е интерпретацијта на историјата. Не сегашноста . Денеска вие можете да се нарекувате како сакате, вели Ковачев.


Администратор
07/06/2020 02:29