Венко Филипче, одговорајќи на новинарски прашања рече дека сите сме сведоци дека во последните часови се пренатрупаа пред се туристичките места, но даде збунувачки одговори велејќи дека карантинската мерка пред се за главниот град е оправдана но притоа додаде и дека граѓаните ако го напуштиле Скопје потребно е да носат маски.

– Сметам дека, нешто поголем дел на граѓани заминаа, меѓутоа тоа е уште еден доказ дека колкав и број на граѓани да заминат, мора да се почитуваат мерките. Ние ќе треба да научиме да живееме со ова и понатаму. Секој следен викенд ќе биде со убаво време и е можност луѓето да заминат на одредени места, ние во мерките за олабавување во следните чекори планираме и отворање на хотелите, рече министерот.

Тој потенцираше дека согласно последните новодијагностицирани случаи, потврдена е исправноста на одлуката за воведување на дополнителна рестрикција во главниот град, но и во другите градови и региони, каде има новодијагностицирани пациенти.

„Апсолутно, сметам дека мерката е издржана и барам сите граѓани во целост да ја почитуваат, а институциите да казнуваат доколку се детектира непочитување. Епидемиолозите утрово информираа дека многу е олеснет пристапот и спроведувањето на тестирање со оглед на рестрикцијата на движење. Земањето на брисеви се одвива полесно“, додаде Филипче.

Министерот Филипче порача до граѓаните, дека вирусот е тука и се шири. Непочитување на мерките ќе значи само продолжување на кризата и никако не помага на целиот тим епидемиолози, инфектолози вклучени во оваа борба кои три месеци интензивно работат.


Администратор
06/06/2020 00:20