Меѓу заболените има и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ и двајца здравствени работници во Клиниката за гинекологија и акушерство, информираше Министерот за здравство Венко Филипче.

Позитивни на коронавирус се еден доктор, двајца болничари, медицински сестри, како и еден вработен од техничката служба. Работата не е компромитирана. Утрово, на координативен состанок со инфектологот договоривме начин на тестирање на луѓето, кои биле во највисок ризик и согласно другиот дел од епидемиолошкиот прашалник за самоизолација. Сите други вработени носеле заштитна маска. На Гинеколошко-акушерската клиника имаме двајца заразени, медицинска сестра и техничар, а во овој момент се прават анализите, истакна Филипче.