Кривични пријави најави дополнителнта заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска за сите инволвирани во случајот со угостителниот обект на улицата „Боемска“ во Скопје. Кривични се најавени како за правното лице во кој е вршена инспекцијата, а која првично била попречувана, но и за лицата кои се наоѓале во објектот во тој момент. Сите четири лица кои биле присутни таа вечер во објектот се идетификувани, според искази на очевидците, а едниот од нив како што веќе и е познати на јавноста бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кривична пријава за попречување службени дејствија и непочитување на мерките на Владата ќе биде поднесена од страна на МВР за угостителскиот објект на улицата „Боемска“ во Скопје по комплетирање на доказите и утврдување на одговорност, соопшти денеска на прес-конференција Петровска.

Таа информираше дека на 3 јуни инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење на вонреден инспекциски надзор во угостителските објкети кои се сместени на улицата „Боемска“, дали ги спроведуваат мерките за спречување на ширење на вирусот Ковид 19, биле попречени, односно не им било дозволено да го извршат надзорот во внатрешниот дел на еден објект.

-При обидот да се изврши надзор во угостителскиот објект Чардак од страна на вработени во внатрешниот дел на објектот на инспекторите не им било дозволено со образложение дека немаат клуч од тој дел. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале на другите објкети забележале дека токму од внатрешноста излегуваат неколу лица. Потоа тие се вратиле во објектот и инсистирале да им биде овозможено да се изврши надзорот согласно законските прописи, истакна Петровска.

МВР преку јавување на еден од очевидците упатува полициски службеници на местото на настанот.

-По пристигнувањето на лицето кое се претставило, како еден од сопствениците на објектот истото го отворило горниот кат, поточно винаријата Чардак при што инспекторите извршил увид во просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови и чаши остатоци од храна, на што упатувало тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од некого, појасни дополнителната заменик министерка.

Информираше дека бил известен јавен обвинител од кого е добиена дозвола за одземање на уредот за снимање на безбедносните камери во објектот.

Од исказите на очевидците, истакна Петровска, идентификувани се сите четворица присутни во внатрешноста на објектот.

-Притоа значи мислам на очевидци вработени во објектот и по потврдувањето на снимките нивните имиња ќе бидат соопштени. Можам да потврдам дека едно од лицата е поранешен функционер во Владата, односно во МВР и еден е полициски службеник. Поранешен функционер Е актуелен полициски службеник, припадник на Министерството, додаде Петровска.