Во последните 24 часа од направени 1272 тестирања, регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1158, активни 552

• Куманово 526, активни 110

• Дебар 52, активни 1

• Штип 142, активни 104

• Прилеп 217, активни 31

• Тетово 257, активни 100

• Струга 91, активни 19

• Велес 138, активни 28

• Битола 29, активни 3

• Охрид 25, активни 8

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 41, активни 20

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 5, активни 3

• Крива Паланка 6, активни 0

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 41, активни 10

• Пробиштип 5, активни 3

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 3, активни 3

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111 и МАНУ -91.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.