На магистралните правци на гостиварското подрачје забележителен е зголемен интензитет на сообраќајот. Поголемиот број автомобили одат кон југот од земјава. Ова се должи на воведениот каранатин во Скопје, кој го донесе Владата на препорака на Комисијата за заразни болести.
Отука се поставува прашањето колку мерката за карантински викенд за време на православен празник ќе го даде својот ефект, од причина што главниот град масовно се испразни а граѓаните се упатија во градовите каде што полицискиот час почнува од 16:00 часот.
Најголемиот дел од патниците беа во автомобили со скопски и тетовски ознаки. Во прашањата одговорија дека одат кон Маврово, Струга и Охрид, за да го избегнат полицискиот час.
Според првичните проценки на вработените на патарините, бројот на возила кои поминале на рампите, денеска бил неколкукратно зголемен и дека може да надмине десет илјади.