На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 – годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. Од нив 19 се потешко болни и на кислородна поддршка. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 27 пациенти. На респираторна машина се осум, a со потешка клиничка слика се уште пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување преку болницата се следат девет пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.