Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти, во Скопје-8, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-1. Починати се две лица од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен, две лица регистрирани во Скопје се од Велес, едно од Берово. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1050, активни 451

• Куманово 500, активни 85

• Дебар 51,

• Штип 127, активни 89

• Прилеп 217, активни 32

• Тетово 245, активни 88

• Струга 90, активни 18

• Велес 137, активни 31

• Битола 28, активни 2

• Охрид 24, активни 7

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 33, активни 12

• Гевгелија 4,

• Струмица 5, активни 3

• Крива Паланка 6,

• Радовиш 4,

• Крушево 3,

• Кочани 41, активни 10

• Пробиштип 5, активни 3

• Демир Хисар 1,

• Македонски Брод 2,

• Пехчево 3,

• Берово 2, активни 1

• Валандово 2, активни 1

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1,

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 2, активни 2

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 13, активни 4 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 953 теста се преку: ИЈЗ –415, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена –71, Биотек -95, Клиника „Жан Митрев“ –128, Систина со PCR метода – 95 и МАНУ -113. Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие два теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.