Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје 987, активни 396

• Куманово 481, активни 66

• Дебар 51,

• Штип 111, активни 76

• Прилеп 213, активни 30

• Тетово 236, активни 82

• Струга 90, активни 18

• Велес 133, активни 28

• Битола 28, активни 3

• Охрид 24, активни 7

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 32, активни 11

• Гевгелија 4,

• Струмица 4, активни 2

• Крива Паланка 6,

• Радовиш 4,

• Крушево 3,

• Кочани 41, активни 10

• Пробиштип 5, активни 3

• Демир Хисар 1,

• Македонски Брод 2,

• Пехчево 3,

• Берово 1,

• Валандово 2, активни 1

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1,

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 2, активни 2

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 974 теста се преку: ИЈЗ –434, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена –88, Биотек -129, Клиника „Жан Митрев“–101 , Систина со PCR метода -89 и МАНУ -93. Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип.