Управата за финансиска полиција ги демантира наводите на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Александар Николоски дека директорот Муареми присуствувал на партиски состаноци.
Во однос на изјавата дадена од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за Канал 5 телевизија на 02.06.2020 година,Ве известуваме дека директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми не присуствувал на партиски состаноци.
Директорот на Управата за финансиска полиција се наоѓа во самоизолација поради приватен контакт со потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Мухамед Зеќири.
Управа за финансиска полиција