Француската жандармерија употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои синоќа палеа и кршеа во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Како што пренесуваат странските агенции, овие протести потсетуваат на масовните, насилни демонстрации што се случија во Париз, а потоа и во други француски градови, по повод смртта на Адам Траоре во полициски притвор во париското предградие на Бомо сир Уаз во 2016 година.


Администратор
03/06/2020 11:24