Носителот на пратеничката листа во Изборната единица 5, Игор Дурловски преку својата фејсбук страна ја информираше јавноста дека добил вербални закани од советникот на премиерот Зоран Заев - Филип Андов - Сокол и дека истите ги пријавил во полиција.

- После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.

Инцидентот е пријавен во полициска станица, по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.

Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?

Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.

Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина, напиша Дурловски.


Администратор
03/06/2020 00:54