Здружението на хрватските бранители бара од премиерот Андреј Пленковиќ, да реагира до Македонија во врска со нападите односно објавите на македонскиот државен службеник Горан Тозија, во врска со, за нив, навредливите негови коментари за хрватскиот поздрав "Za dom spremni" и тоа што ги нарекува „усташи“.
-За нас е незамисливо тоа што нашата хрватска татковина постојано се напаѓа од високо рангиран македонски државен службеник. Со поздравот „Za dom spremni“ ја одбранивме Хрватска за да биде успешна и горда земја на горди луѓе. Тој поздрав е вграден во темелите на оваа држава што ја водите. Затоа нема да премолчиме кога оние што се на позиција и чија должност е да ја бранат честа и угледот на Хрватска не го направат тоа. Кога станавте шеф на хрватската Влада, положите заклетва: „Се колнам дека ќе ја извршам должноста член на Владата совесно и чесно, ќе го почитувам Уставот, законите и правниот поредок и ќе се залагам за целиот напредок на Република Хрватска“. Затоа, согласно член 110 од хрватскиот Устав, ние бараме да ја исполниш својата уставна обврска како Премиер, да реагираш и да го заштитиш угледот и честа на Република Хрватска од несовесните напади на високорангираниот македонски државен службеник. Ваша обврска е да побарате од македонската влада да каже дали тие ја поддржуваат позицијата на нивниот службеник, кој секојдневно ја напаѓа Хрватска нарекувајќи ја фашистичка земја, се вели во отвореното писмо објавено од хрватските медиуми.
Иако скандалот е објавен уште пред неколку дена нема официјална реакција од македонските власти.