Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, од кои 127 во рамки на скринингот а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје 928, активни 338
• Куманово 469, активни 55
• Дебар 51, активни 0
• Штип 104, активни 69
• Прилеп 212, активни 30
• Тетово 231, активни 86
• Струга 84, активни 12
• Велес 132, активни 29
• Битола 28, активни 3
• Охрид 23, активни 6
• Кавадарци 5, активни 0
• Гостивар 29, активни 8
• Гевгелија 4, активни 0
• Струмица 4, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 38, активни 7
• Пробиштип 3, активни 1
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 1, активни 0
• Валандово 2, активни 1
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 2, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 885 теста се преку: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128. Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.