Гостувајќи во вестите на телевизија Сител на 19 мај, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги коментираше небулозните и несуштински протоколи за гласање подготвени од страна на Комисијата за заразни болести под притисок на власта, а се со цел исполнување на желбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев за оддржување на брзи избори.
- Совеста ќе ми биде чиста ако ние ја ставиме пандемијата под контрола односно во рамки да можеме истата да ја менаџираме како што тоа го направија неколку земји, пред се од регионот. Кога ќе имаме слични бројки како Словенија на пример тогаш можеме да кажеме дека вирусот го држиме под контрола. Се додека броиме десетици новозаболени и за жал починати лица во Македонија, ние никако не можеме да кажеме дека сме се справиле со вирусот и тоа е доволен показател дека ни треба се уште време да се бориме против Ковид-19, истакна Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител.
Коментирајќи ги предложените датуми кон крајот на август и почетокот на септември како термини за оддржување на избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа е идеалниот период во кој може да се очекува дека пандемијата ќе биде стивната.
- Крајот на август, почеток на септември е доволен период за да можеме да ја ставиме кризата под контрола и комисијата за заразни болести да подготви суштински протоколи за организирање на избори кои ќе значат заштита на граѓаните и заштита на учесниците во изборниот процес. Оние протоколи кои сега, под политички притисок ги изработи, се протоколи со четири реченици кои во принцип секој граѓанин ги знае, односно дека треба да оддржува лична хигиена, дека треба да мие раце, дека во затворена просторија треба да носи маска и ракавици, да држи дистанца од 1.5 до 2 метри и затворените простории да се проветруваат, што во суштина значи многу слаба на содржината на протоколите подготвени од страна на Комисијата за заразни болести, рече Мицкоски.
Тој додаде и дека протоколите во практика не опфаќаат голем број на детали или ситуации кои може да се случат а тоа е реален проблем за спроведување и оддржување на изборите.
- Во практика ние ќе имаме реален проблем. Ќе почне кампањата, ќе почнат контактите со луѓето, партиските состаноци и активности, ќе има контакт меѓу луѓето, ќе има размена на енергија и нормално е да имаме зголемен број на луѓе кои ќе бидат изложени на ризик. Што правиме доколку водачите на кампањата бидат инфицирани од вирусот. Ќе останат ли двете недели изолација како што е сега, па ќе треба од нашите домови да ја водиме кампањата, да ги повикуваме граѓаните да излезат на гласање а ние всушност не смееме да излеземе, бидејќи според протоколите треба да бидеме во изолација. Што ќе се случи со избирачките одбори, што ќе се случи со луѓето кои практично во една просторија која нема соодветна квадратура ќе го поминат денот. Што ќе се случи доколку некој има повисока температура од нормалната. Ќе има ли места каде што тие ќе можат да го остварат својот глас. Постојат уште голем број на други слични прашања за кои што јас очекував да добијам одговорот, но за жал не ги добив од подготвените протоколи од Комисијата за заразни болести. Како професор јас на таков документ не можам да дадам преодна оценка, потенцираше Мицкоски.