Потпретседателот на СДСМ Коста Петров на својот фејсбук профил објави дека поради контактот кој го имал со Мухамед Зекири се тестирал за коронавирус, а резултатите биле негативни,
Со оглед на фактот дека имав контакт од дистанца со Мухамед Зекири, би сакал да ве известам дека денес се тестирав и јас и тестот е негативен. Препораките на епидемилозите кои се наделжни и чии препораки треба сите да ги почитуваме се дека не треба да сум во самоизолација. Своите обврски продолжувам да ги вршам со вообичаеното темпо, напиша Петров на Фејсбук.