Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,3%), кашлица (52,6%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,7%) и болка во грло (14,3%), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Кај 765 или 33,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 575 или 75,2% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Пријавени се 22 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, кај 719 (31,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 490 лица имаат кардиоваскуларна болест, 168 дијабет, 126 се со хронична белодробна болест и 139 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 316 (54,3%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 268 (11,6%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 140 смртни случаи (Лт = 6,0%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=90) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 23,5/100.000 жители. Регистрирани се 96 смртни случаи кај лица од машки и 44 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 106 (75,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=76), дијабет (n=29) и белодробна болест (n=28). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 131 (93,6%) починале за време на хоспитализација.
Од вкупниот број на случаи, 97 (4,2%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 31.05.2020. Вкупно 1.364 лица (58,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.