Согласно податоците на Институтот за јавно здравје од новозаболените 89 граѓани со коронавирус најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 48 лица од женски и 41 од машки пол.

Регистрирани се 8 хоспитализирани, а кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 58 имаат контакт со потврден случај. Регистрирано е едно лице со странско државјанство и историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 17 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 7 смртни случаи, од Скопје, Куманово, Тетово и Струга (Табела 1). Случаите се на возраст од 44-83 години, сите со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Само еден случај нема регистрирани коморбидитети и истиот имал контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.