Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 109 лица, од кои 21 лице во Кичево и врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 69 контроли.

Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 38 во оваа подрачје но во Кичево едно лице, информираа портпаролот Стефан Димоски.

Воедно додаде тој, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 150 контроли врз угостителски и други објекти од кои 58 во Кичево.

Во претходните два дена, полициските службеници, издале 308 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето од кои на 39 лица во Кичево , објасни Димоски.


Администратор
02/06/2020 01:22